Хаос во Турција по елиминацијата: „Се срамиме!“

Фудбалската репрезентација на Турција го заврши учеството на Светското првенство по само две кола од групната фаза, а елиминацијата предизвика големо разочарување кај играчите и навивачите.

Поразите од Парагвај и од Австралија ги остави без бодови Турците, кои сега имаат меч со САД, но и ако победат, нема да бидат на едно од првите три места, така што тие веќе почнаа да се подготвуваат за назад.

Капитенот Хакан Чалханоглу не го криеше своето разочарување по мечот, а неговиот настап на прес-кофенренцијата дополнително ги разгоре шпекулациите дека ова можеби и последниот Мундијал во неговата кариера.

„Во моментов е многу тешко да се пронајдат вистинските зборови. Стигнавме до тука врз основа на нашите заслуги и во последните два натпревари се обидовме со сè. Напаѓавме, шутиравме, создававме шанси, но топката едноставно не сакаше да влезе во голот. Тие постигнаа гол од првиот удар. „Ние сме млад тим и сè уште има многу турнири пред нас. Можеби ова е последното Светско првенство за мене. Сите сме тажни и скршени, но ова искуство мора да ни служи како лекција за во иднина “, рече капитенот Чалханоглу.

Уште посуров беше младиот ас на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, кој јавно им се извини на навивачите за резултатите на Светското првенство.

„ Многу сме тажни и се срамиме. Им се извинуваме на сите наши навивачи. На следните турнири ќе направиме сѐ што можеме да го оставиме ова разочарување зад нас. Играме во големи клубови и ова не требаше да се случи“, рече Ѓулер.

Селекторот Винченцо Монтела не го криеше разочарувањето, истакнувајќи дека среќата на овој турнир не била на страната на Турција.

„Многу, многу ми е жал. Многу сме разочарани. Очекувањата на нашата нација беа огромни, а и нашите очекувања беа високи. Жал ми е и за луѓето од Турската фудбалска федерација. Знам колку напорно работеа, како и за самите играчи. Едноставо имавме 65 удари кон противничките голови на два меча. Да не зборуваме за поседот на топката. Среќата едноставно  не беше на наша страна“, рече италијанскиот тренер.

Се вчитува...