Хаосот во Англија продолжува: Три клуба се закануваат со тужби против Евертон!

Три англиски клуба најавуваат тужба против Евертон, на кој денеска му беа одземени 10 бодови. Според „Дејли Мејл“, екипите на Барнли, Лидс и Лестер, имаат намера да го тужат клубот од „Гудисон“ откако беше прогласен за виновен за кршење на финансиските правила. Вкупниот износ на побарувањата е 300 милиони фунти. Тоа е проценката од клубовите за штетата која има била нанесена со неиспаѓањето на клубот порано.

Челниците на Барнли, Лидс и Лестер одржаа преговори, и беше потврдено дека ќе има судски процес. Минатата сезона Евертон во последното коло избегна испаѓање во Чемпионшип. Барнли веруваат дека Евертон ги прекршил правилата за фер-плеј пред две сезони, во сезоната во која Барнли испадна од Премиерлигата, а по една сезона во оваа повторно се врати.

Сите три тима изразија незадоволство поради донесената пресуда за случајот Евертон сега, а не минатата или пред две сезони. Да беше тоа сторено минатата сезона, тимот од синиот дел на Ливерпул сега ќе беше во Чемпионшип. Премиерлигата го прогласи Евертон за виновен, а тоа значеше и посилна позиција за овие три клуба.

Претходно низ англиските медиуми се појави информација дека од истите причини, кршење на финансиските правила, на Манчестер Сити и на Челси им се заканува исфрлање од Премиерлигата.

Се вчитува...