Хаотичниот Лидс – Голман „пацер“, дефанзивец „убиец“ (ВИДЕО)

Арсенал брзо стигна до водство од 2-0 против Лидс јунајтед во натпревар од 36. коло во англиската премиер-лига. Нкетиа беше стрелец на двата гола за „топчиите“, а Лидс многу лесно може да се врати во Чемпионшип следната сезона.

Лошата игра која што ја негуваат целата сезона фудбалерите на Лидс продолжи и на мечот против Арсенал. Прво голманот Меслие направи пацерска грешка со која Арсенал поведе со 0-1, а потоа дефанзивецот на тимот Ајлинг доби директен црвен по крвничкиот старт над Мадртинели.

 

 

Се вчитува...