Харден: Дурент ја заслужува МВП наградата

Бруклин Нетс и оваа сезона блескаат на паркетот. ‘Црно-белите’ предводени од Џејмс Харден и Кевин Дурент се први во источната конференција со 23 победи и само девет порази и повторно ќе претендираат за шампионската титула.

Најпознатата брада во светот вели дека добрата форма на тимот се темели на одличниот Дурент кој во сезоната бележи просек од 29.7 поени, 7.9 скока и 5.9 асистенции по натпревар и за него нема дилема кој ја заслужува МВП наградата.

„Кевин е природен талент кој точно знае што треба да направи. Секогаш сам одлучува без разлика кој го чува во одбраната. Прашањето е само дали ќе го погоди шутот, а во најголемиот дел од случаите ќе го стори тоа. Игра фaантастично и ја заслужува наградата за најкорисен играч”, вели Харден.

Се вчитува...