Харден ги реши Клиперс, луд меч меѓу Мемфис и Феникс (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа седум натпревари. Бруклин Нетс славеше на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс со 108-124.

Џејмс Харден со 39 поени, 15 асистенции и осум скока беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Маркус Морис заврши со 24 поени.

Во неверојатно интересен натпревар со поените на Жа Морант во последната секунда Мемфис славеше на гости кај Феникс со 113-114. Токму Жа Морант со 33 поени беше најдобар поентер во победничкиот табор, додека кај поразените Девин Армани Букер заврши со 30 поени.

Во останатите натпревари од синоќешната понуда: Шарлот – Хјустон 123-99, Атланта – Чикаго 118-130, Минесота – Бостон 108-103, Сан Антонио – Јута 104-110 и Портланд – Далас 117-132.

Се вчитува...