Хари Кејн е во составот на Тотенхем против Вулверхемптон

Една од најголемите трансфер саги ова лето е заминувањето на Хари Кејн од Тотенхем и негова преселба во Манчестер Сити. Напаѓачот не е задоволен од амбициите на лондонскиот тим и сака да го напушти тимот во потрага по трофеи, а и веќе се опрости од навивачите на крајот на претходната сезона.

Сепак раководстовто на Тотенхем нема намера да го продаде 28-годишникот и покрај богатата понуда на „граѓаните“, а и Кејн во текот на летото се обидуваше да изнуди трансфер на секој начин. Англичанецот подоцна се приклучи на подготовките на клубот со што го пропушти и првиот меч за „петлите“ во новата сезона, но сега е дел од тимот кој денеска од 15 часот ќе се сретне со Вулверхемптон, пренесуваат англиските медиуми.

Сеуште останува непознато дали Кејн ќе биде и во првите единаесетмина, но на девет дена пред крајот на трансфер рокот, се чини дека трансферот од сништата, сепак нема да се оствари.

Се вчитува...