Хари Кејн јубилејната вечер ја круниса со три бода за Тотенхем во лондонското дерби против Фулам

Тотенхем стигна 11. победа во Премиерлигата откако во 21. коло славеше во лондонското дерби на гостински терен против Фулам  0-1.

Стрелец на победоносниот гол беше Хари Кејн кој во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме со одличен удар успеа да го совлада Лено.

За англискиот репрезентативец тоа е 226 гол во дресот на Тотенхем во јубилејниот 300-ти настап со што се изедначи со Џими Гривс како најдобар голгетер на лондонскиот клуб.

Се вчитува...