Хари Кејн ќе „заглави“ во Тотенхем?

Капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн сеуште го чека трансферот од сништата. Фудбалерот на Тотенхем не е задоволен од амбициите на клубот и сака да ја промени средината, а и веќе се опрости со навивачите на последниот натпревар од претходната сезона.

За неговиот потпис е заинтересиран Манчестер Сити кој веќе и испрати понуда од 150 милиони евра за услугите на голгетерот, но претседателот на клубот, Даниел Леви има други цели и сака да го задржи својот најдобар играч на „Хотспур“ па ги одбива богатите понуди на „граѓаните“.

Тоа воедно создава и сериозни проблеми за иднината на Хари Кејн. Имено, доколку Манчестер Сити не успее да го доведе Англичанецот во своите редови ова лето, овој трансфер нема воопшто да се реализира, пренесуваат англиските медиуми.

Следната сезона Кејн ќе има 29 години, а и покрај тоа што ќе биде во врвот на својата кариера, за таа сума Манчестер Сити ќе може да ги ангажира далеку помладите Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, кои со 22, односно 21 година ќе имаат долготраен престој на „Етихад“.

Се вчитува...