Хари Кејн на врвот – со „Златна топка“ за 2026 година

Хари Кејн е добитник на најголемото индивидуално признание во светскиот фудбал, „Златната топка“ на гала настанот што вечерва беше организиран во Лондон.

Организаторите успеаја да го скријат победникот до самиот крај, јасно беше дека главни фаворити се Јамал, Мбапе и Кејн, па неизвесноста беше неверојатна буквално до последните секунди, кога победникот го обелодени – „феноменот“ Роналдо.

Англискиот капитен имаше повеќе гласови од ѕвездите на Ла Лига, стигнувајќи до првата ваква награда во својата кариера.

„Златната топка“ во женска конкуренција во 2026 година заслужено заврши во рацете на Алесиа Путељас, одличната шпанска фудбалерка која освои се што можеше да се освои со Барселона, пред летово да се пресели во Англија и да го облече дресот на Челси.

Путељас освои четири трофеи со Барселона, а воедно стана и втор најдобар стрелец во историјата на Барселона откако постигна два гола во полуфиналето од ЛШ во мај. Таа беше избрана и за МВП на Лигата на Шампионите.

Се вчитува...