Викендов почнува сезоната во германската Бундеслига, а Вердер Бремен ја имаше таа „среќа“ да игра против Баерн Минхен.
Тренерот на Вердер, Оле Вернер изјави дека неговиот тим ќе нема посебни мерки за чување на најскапиот играч во Германија, Хари Кејн, кој за повеќе од 100 милиони евра пристигна во таборот на „Баварците“.
„Се подготвуваме за Кејн како и за секој друг играч против кој играме. Нема ништо посебно, освен тоа што не знаеме како ќе се вклопи во формацијата на баерн“, рече Вернер.
Вердер е во серија од 27 натпревари без победа над Баерн Минхен, а пред неколку дена тимот загуби од Викторија Келн во Купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА