Хари Мегваер е желба на Вест Хем

Манчестер Јунајтед му ја одзема капитенската лента на Хари Мегваер кој се очекува наскоро и да замине од клубот. Рекордното засилување на „црвените ѓаволи“ не успеа да се наметне на „Олд Трафорд“ каде ќе остане запомнет по големите киксеви, а не по добрите настапи.

За неговите услуги се заинтересирани неколку премиерлигаши меѓу кои е и Вест Хем Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми. „Чекичарите“ кои неодмана останаа без својот најдобар фудбалер Деклан Рајс дел од сто милионскиот трансфер целат да го искористат токму за ангажман на репрезентативецот на Англија.

Триесетгодишниот Мегваер професионалната кариера ја започна во Шефилд Јунајтед, а настапуваше и за Хал Сити пред да премине во Лестер. Во 2019 година во трансферот во Манчестер Јунајтед стана најскапиот стопер во историјата.

Се вчитува...