Хасани, конечно, се разработи: Два прекрасни гола за Ал Раед (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани конечно се „разработи“, барем кога се головите во прашање, и во дресот на својот нов клуб Ал Раед во Саудиска Арабија.

Хасани конечни ги постигна првите два погодоци во дресот на Ал Раед, во 11. коло на гостувањето против Ал Батин.

Ал Раед по првото полувреме има водство од 0-2 а стрелец на двата погодоци беше токму македонскиот репрезентативец кој најпрво постигна прекрасен погодок директно од слободен удар во 9. минута…

Во 26. минута Хасани искористи една грешка во домашната одбрана и со убав соло напад донесе 0-2 за својот тим…

Се вчитува...