Хасани: Не можев да го одбијам Бесник Хаши, затоа одам во Ал Раед

Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани следната сезона ќе ја мине во Ал Раед во Саудиска Арабија, иако многумина очекуваа сега во врвот на кариерата да има соодветен за себе европски предизвик.

Но, по потпишувањето на договорот со новиот клуб Хасани открива дека едноставно не можел да го одбие повикот на поранешниот албански селектор Бесник Хаши, кој сега е тренер на Ал Раед.

„Неговата желба беше навистина силна да дојдам во Ал Раед. Има извонредно мислење за мене и кога веќе еден таков тренер ве посакува тогаш на мене не остана ништо освен да го прифатам предизвикот. Затоа и потпишав на една година, колку е што договорот и на Хаши со Ал Раед. Секако мора да се истакне дека добив и одлична финансиска понуда“ – вели Хасани, кој за Ал Раед потпиша за договор од 1,2 милиони долари за една сезона.

Бесник Хаши, пак, е поранешен албански репрезентативец кој има настапи за Генк, Андерлехт, Серкл Бриж, Минхен 1860… Во тренерската кариера бил тренер на Андерлехт, полска Легија Варшава, грчки Олимпијакос…

Се вчитува...