Хасани: Нема лесни противници во Европа

Шкендија утре на стадионот „Младост“ во Струмица го почнува новиот европски поход во Лигата на Европа, а прва пречка е молдавскиот тим Дачија. Со нов тренер на клупата, Ќатип Османи, но и со желба да се повторат добрите игри и резултати на меѓународна сцена од минатата година, кога Шкендија стигна до плејоф – колото, на чекор до пласман во групната фаза од ова натпреварување.

Капитенот Ферхан Хасани верува дека тимот и оваа сезона може да забележи успеси, иако напоменува дека во Европа нема лесни ривали.

„Нема лесни противници во Европа. Подготвени сме за предизвикот, ја респектираме Дачија, но и веруваме во своите квалитети. Ова е прв натпревар и сигурно двомечот нема да биде решен по утрешните 90 минути. Сепак, сите посакуваме да обезбедиме предност пред реваншот во Молдавија. Имаме нов тренер, тој има свои нови идеи за тимот, а ние ќе се обидеме да ги имплементираме на теренот. Се надеваме на успех“, порача Ферхан Хасани, во пресрет на утрешниот прв меч против молдавскиот претставник Дачија.

Натпреварот ќе се игра утре, со почеток во 18 часот, на стадионот „Младост“ во Струмица.

Се вчитува...