Хасани продолжува во Ал Раед во Саудиска Арабија

Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани својата кариера ја продолжува во дресот на Ал Раед во Саудиска Арабија.

Хасани, по долга потрага по нов клуб, на крајот се одлучи да ја прифати богатата финансиска понуда од Саудиска Арабија реализирајќи едногодишен трансфер за повеќе од еден милион долари.

Ферхан Хасани претходно се раздели со Шкендија. Иако постоеше можност за продолжување на кариерата и во Турција во екипата на Ризеспор се одлучи да продолжи во Саудиска Арабија во шампионатот кој почнува на 30. август. Ал Раед е предводен од албанскиот тренер Бесник Хаши, а претходно во 2013 година на клупата на овој тим беше и македонскиот стратег Влатко Костов.

Се вчитува...