Хасани со гол против Спарта Прага дебитираше за Ал Раед

Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани уште во првиот свој настап за новиот клуб Ал Раед дебитираше со погодок.

Хасани, го одигра второто полувреме за тимот од Саудиска Арабија на пријателскиот натпревар против Спарта Прага кој Ал Раед го доби со 3-1. Притоа во 57. минута од пенал Хасани погоди за водство од 2-1.

Хасани пред само една недела се договори за трансфер во Ал Раед потпишувајќи едногодишен договор вреден 1,2 милиони долари.

Се вчитува...