Хасенхутл го понижи Јунајтед: Веќе не е ниту тајна што е проблемот на „црвените ѓаволи“

Менаџерот на Саутемптон, Ралф Хасенхутл, не го криеше задоволството по одличното издание на неговиот тим на ремито со Манчестер Јунајтед (1-1). „Светците“ минатата година загубија со неверојатни 9-0 на „Олд Трафорд“, но вчера се покажаа во далеку подобро светло, па дури можат и да жалат за нереализираните шанси во второто полувреме со кои можеа да стигнат и до цел плен.

Хасенхутл во изјавата по мечот откри што бил главниот адут на неговиот тим, користејќи ја клучната слабост на Јунајтед.

„Не е веќе ниту некоја тајна, фудбалерите на Манчестер Јунајтед не се враќаат брзо кога ќе ја загубат топката. Наше беше да го искористиме тоа, успеавме. Имаме двајцa напаѓачи кои се одлично и лесно постигнуваат голови, а остатокот од тимот работи напорно за нив“, истакна стратегот на Саутемптон.

Се вчитува...