Хауард: Бен Симонс е како млад Леброн

По освојување на прстенот со Лејкерс, Двајт Хауард кариерата ќе ја продолжи во Филаделфија каде веќе започна да ја крева тимската хемија. Во изјава за ЕСПН, „Супермен“ ги придоби навивачите на Сиксерс со пофалните зборови за супер-ѕвездата на тимот, Бен Симонс.

„Бен Симонс ме потсетува на Леброн Џејмс кога беше млад. Тој има квалитет да биде еден од најдобрите во историјата на НБА лигата. Го обожавам начинот на кој игра и колку е дарежлив“ – заклучи Хауард.

Еден од најдобрите центри на НБА лигата го знае рецептот за освојување на трофеј, а не беше скромен и со пофалбите кон својот нов тим.

„Мора да целиме кон главната награда. Доколку се фокусираме нема кој да не запре од освојување на трофејот“ – додаде осумкратниот Олстар-играч.

 

Се вчитува...