Хауард Веб: Му дадов жолт картон на Дрогба, поради тоа што беше во тоалет…

Некогашниот угледен англиски судија, Хауард Веб долги години судеше во највисокиот ранг на англиските наптреварувања, а беше прв човек и на многу натпревари од Лигата на шампионите.

Тој денеска работи како технички директор на комитетот кој го основаа англиските судии, а во интервју за БТ Спорт се присети за најчудниот жолт картон што некогаш го доделил во својата кариера. Го добил Дрогба, поради тоа што на паузата од полувремето бил во тоалет…

„Најчудниот картон му го доделив на Дрогба. Додека влегуваше на теренот во второто полувреме, ги облекуваше своите шорцеви. Му дадов жолт картон, затоа што доцнеше на полувремето“ – се присети Веб.

Се вчитува...