Хаверц го напушти кампот на Германија, следува потпис со Челси

Каи Хаверц го напуштил на фудбалската репрезентација на Германија и замина во Лондон каде треба да стави потпис на договорот со премиерлигашот Челси. Тој прво треба да ги помине лекарските прегледи, а потоа и да стави потпис на договорот. Оштетата која ќе ја плати тимот од „Стемфорд Бриџ“ за услугите на одличниот Германец ќе биде 100 милиони евра. Челси заврши одлична работа овој преоден рок во кој покрај Хаверц во клубот стигнаа и Тимо Вернер, Хаким Зијеч, Тијаго Силва и Бен Чилвел.

 

Се вчитува...