Хаверц: Сите бевме шокирани од отказот на Тухел

Отказот на Томас Тухел во Челси дојде како гром од ведро небо. „Сините“ немаа идеален почеток на новата сезона, но не потфрлија целосно поготово во ситуација кога мораше да бидат заменети главните играчи во дефанзивата.

Германскиот стратег потроши 300 милиони за составување на тимот, но не доби време за консолидирање на редовите, па по само месец дена беше заменет од „жешкото столче“..

Целата ситуација сега ја коментираше Каи Хаверц, германскиот репрезентативец кој откри дека целиот тим бил изненаден од заминувањето на Тухел.

„Морам да бидам искрен и да кажам дека и бевме изненадени како цела јавност. Особено поради тоа што како играше тимот во изминатите година, година и половина и што се успеавме да освоиме. Со оглед на тоа што сме шести на табелата, не може да се зборува за разочарувачки старт на сезоната, уште повеќе поради новите лица кои дојдоа во првиот тим и на кои им е потребна адаптација. Но, фудбалот е таков, работите брзо знаат да се одвиваат и секакви работи се менуваат во експресно време. Сега добивме нов тренер и морам да кажам дека ми остави многу добар впечаток за старт. Мислам дека ќе имаме добар период и со него како предводник на тимот“, вели Германецот.

Се вчитува...