Хејнкес типува: Реал е во криза, но ќе го мине ПСЖ

Јуп Хејнкес успеа да го воскресне Баерн Минхен, носејќи го баварскиот гигант на чекор до нова бундеслигашка титула. Искусниот стручњак исто така ги следи и случувањата во својот поранешен клуб Реал Мадрид, каде главната вина за слабите резултати ја гледа во управата на чело со Флорентино Перез.

Реал играше доминантно подолго време, две сезони по ред беше и првак на Европа и логично беше да дојде до криза. Јас вината воопшто не ја гледам во Зидан и стручниот штаб, туку во управата која ги продаде Мората, Хамес Родригез и Пепе, без притоа да донесе адекватни замени“ – истакнува Хејнкес.

Без оглед на тоа, искусниот стратег верува дека Реал ќе успее да ја мине наредната пречка во Лигата на шампионите, мултимилионскиот состав на ПСЖ.

„Една работа е сигурна, никако не смеете да го отпишете Реал Мадрид кога станува збор за Лигата на шампионите. ПСЖ има силен тим, но Реал поседува и квалитет и искуство за да го мине францускиот гигант. Верувам дека тоа ќе се случи, бидејќи ПСЖ не поседува доволно искуство на вакви средби“ – прогнозира Хејнкес.

Се вчитува...