Хејнкес: Во фудбалот веќе нема морал, играчите трчаат само по пари!

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес, ја прокоментира новонастанатата ситуација во меѓународниот фудбал, посебно во Бундес-лигата. Тој застана на страната на ривалот Борусија Дортмунд, истакнувајќи дека однесувањето на фудбалерите е неморално. Примери се Осман Дембеле и Пјер Емерик Обамејанг, кои иако имаат актуелни договори, со недисциплина и „бегање“ од тренинзи сакаат да издејствуваат трансфер во друг клуб, само за да заработуваат повеќе пари.

„Недостиг на морал отсекогаш постоел, и во општеството и во фудбалот. Меѓутоа, денешниот фуднал поприми нова, критична димензија. Сите бевме сведоци на каков начин Осман Дембеле изнуди трансфер од Борусија Дортмунд во Барселона. Најсвеж пример е Пјер – Емерик Обамејанг. Клубовите кои купуваат такви фудбалери мора да бидат свесни дека потоа можеби и тие ќе се најдат во таква или слична ситуација. Играчите сега трчаат само по пари, а мене ни на крај памет не ми е да ангажирам фудбалери со такви карактерни особини“, изјави Јуп Хејнкес.

Се вчитува...