Хелиос се избори за мајсторка против Борац Чачак

Хелиос Домжале и Борац Чачак со мајсторка ќе го решат баражот за опстанок во АБА-лигата откако словенечкиот тим славеше на вечерашниот дуел, на домашен терен со резултат , израмнувајќи на 1-1 во оваа серија.

Во текот на целиот натпревар се водеше максимално израмнето, двете екипи се менуваа во водство, а за одбележување е и огромниот број на прекршоци и слободни фрлања на двете страни (24/32 Хелиос, а 26/34 Борац). Во завршницата поумешни беа домашните кошаркари, кои успеаја да се одлепат и да ја задржат предноста, за значаен триумф на домашен терен и останување во игра за влез во АБА1.

Махкович со 31 поен беше прв стрелец на Хелиос, Буљевиќ постигна 19, а одличен беше и Луке, со дабл-дабл од 16 поени и 11 асистенции. Најефикасен кај Борац беше Хејл со фантастични 38 поени, сепак недоволни за да се триумфира на ова незгодно гостување.

Решавачкиот натпревар за пласман во АБА1 лигата ќе се игра во вторник со почеток во 18 часот во салата во Чачак.

Се вчитува...