Хендрикс потпиша за шампионот на Франција

Ричард Хендрикс по заминувањето од Галатасарај без поголеми проблеми си обезбеди нов трансфер во Европа, потпишувајќи договор со екипата на Ле Ман. Актуелниот првак на Франција беше во потрага по искусен играч за борбата под обрачите, а Хендрикс одлично се вклопува во тактичките замисли на стручниот штаб, па експресно беа договорени и условите за едногодишна соработка.

Минатата сезона Хендрикс имаше просек од 10,4 поени, 7,2 скокови и две асистенции по натпревар во турското првенство, а имаше и низа одлични настапи во Еврокупот, каде во просек реализираше по 10,8 поени, 7,5 скокови и 1,6 асистенции по натпревар.

Хендрикс беше меѓу најзаслужните за трите победи во претквалификациските натпревари со Словачка и Швајцарија, а откако на негово место настапи Шејн Витингтон, Македонија го загуби последниот меч во Швајцарија, што за среќа не се одрази врз конечниот исход на табелата. Сепак, се очекува искусниот центар да се врати во дресот на македонската репрезентација за септемвриските натпревари против Косово и Романија.

Се вчитува...