Хенес: Баерн згреши што го избра Нагелсман, со Тухел имавме еден голем проблем…

Ули Хенес повеќе не е прв оперативец на Баерн Минхен, но гласот на германската фудбалска легенда се уште се слуша во јавноста, како лик што е исклучително важен во изградбата на баварскиот гигант на кое што овој голем клуб се наоѓа во моментов.

Хенес во последното интервју за германските медиуми говореше на најразлични теми, меѓу другото критикувајќи ја управата на Баерн Минхен за одлуката да го отпушти Јулијан Нагелсман, кој сега повторно се покажува како врвен стратег водејќи ја репрезентацијата на Германија.

Пребрзиот отказ на Нагелсман беше голема грешка на луѓето кои го водеа клубот. Можам да кажам дека управувачкиот борд не се сложуваше со таа одлука, која сепак беше донесена и тоа во период кога кризата не беше предлабока, а Баерн се уште беше во трка за тројна круна. Не бевме на чекор на катастрофа за да мораме да го менуваме теренот, ние поискусните знаевме што можеме да оствариме ако го задржиме Нагелсман на подолг рок, но за жал тоа не се случи“, изјави Хенес.

Баерн тогаш на местото на Нагелсман го доведе Томас Тухел, кој ја заврши сезоната 2022/23 со титула, но затоа во 2023/24 баварскиот гигант имаше катастрофални резултати и по 11 трофеи во низа мораше да го препушти тронот на германскиот фудбал на Баер Леверкузен.

„Приватно, мојот однос со Тухел беше одличен се до крајот на неговиот мандат во Баерн. Сепак, во бројни ситуации јас и тој не се сложувавме околу тоа како треба да изгледа тимот на Баерн. Тој бараше бројни трансфери, а ние сакавме повеќе да работи со играчите кои ги има на располагање. Кога и да ни се повредеше фудбалер, Тухел бараше нов играч на негово место, цело време бевме во некои полемики околу неговите желби. Такво нешто, на пример воопшто не ни се случува со сегашниот тренер Компани“, коментира Уле Хенес, кој се уште е „сива еминенција“ во баварскиот гигант.

Се вчитува...