Хенес: Хари Кејн јасно рече дека сака да дојде во Баерн Минхен

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес е убеден дека Хари Кејн ќе премине во редовите на германскиот шампион.

Тој во интервју за „Кикер“ изјави дека Кејн јасно им ставил до знаење на челниците на Тотенхем дека не сака да остане и дека сака да потпише за Баерн.

Кејн и челниците на Баерн имаа успешни разговори, но проблемот доаѓа од канцелариите на Тотенхем.

„До сега Хари беше многу јасен во разговорите дека неговата одлука останува. А ако е до тоа, тогаш ќе го доведеме. Тотенхем ќе мора да направи отстапки“, вели Хенес.

Тој додаде дека често разговарал со англискиот репрезентативец, но дека Карл-Хајнц Румениге уште повеќе бил во контакт со Хари.

Се вчитува...