Почесниот претседател и член на надзорниот одбор на Баерн Минхен, Ули Хенес, разговараше со новинарите за летните трансфер планови на клубот. Секако, тој посебно коментираше за интересот на Баварците за играчи како Нико Вилијамс , кој вчера потпиша нов договор со Атлетик Билбао , Ник Волтемаде и Рафаел Леао .
Во врска со шпанскиот репрезентативец, кој изненадувачки ги одби Барселона и Баерн и остана во баскискиот клуб, Хенес рече:
„Сите бевме изненадени што го продолжи договорот. Имав близок контакт со Ханси Флик, кој моментално е на одмор во Тегернзе, а тој и Барселона исто така беа изненадени бидејќи повеќе или помалку имаа договор со него. Не разбирам што сака тој, но според мене Билбао само се обидува да добие повеќе пари бидејќи следната година ќе чини повеќе од 60 милиони евра. Нашиот интерес за него е завршен.“.
На прашањето дали Баерн ќе бара ново крило од врвна класа, Хенес одговори:
„Не можеме ништо да направиме во врска со тоа кога играч како Вилијамс го продолжува договорот. Сè уште имаме време, преодниот рок е отворен до крајот на август. Внатрешно одлучивме дека ќе правиме само разумни работи. Сè уште ги имаме Гнабри и Коман. Коман особено ме импресионираше многу против Бока. Да не се повредуваше толку често, веројатно немаше ни да помислиме да доведеме ново лево крило. Мора да имате замена во случај нешто да се случи, но да платите 60, 70 или 80 милиони евра за резерва, не сум сигурен за тоа.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА