Хенес откри дека Тотенхем го уценувал Баерн за Кејн

Поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес откри интересни детали околу постигнатиот договор меѓу Тотенхем и германскиот тим за потписот на Хари Кејн. Неговите зборови ја потврдуваат информацијата дека првиот човек на Тотенхем Даниел Леви ги уценувал за повеќе пари.

На крајот трансферот, е сепак, финализиран за околу 100 милиони евра. Хенес кажа што се случувало во разговорот меѓу 10 и 11 август.

„На полноќ имавме усмен договор“, рече Хенес и додаде:

„Во 02:05 часот повторно беше доведен договорот во прашање затоа што побараа поголема сума. Тогаш директорот на Баерн Дрисен кажа: „ниту едно евро повеќе“. После тоа поминаа шест часа пред Леви да прифати. Бевме доволно тврдоглави и нашиот авион го чекаше на аеродромот во Лондон. Тука помогна и Кејн кој потоа кажа дека ако не се финализира договорот, тогаш ќе остане во Тотенхем и во 2024 година ќе си оди како слободен играч“, изјави Хенес.

Се вчитува...