ХЕРОИ ЗА ИСТОРИЈА: МАКЕДОНИЈА ГО ПОБЕДИ ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН, И ЌЕ ИГРА ВО ФИНАЛЕ ЗА ПЛАСМАН НА СП ВО КАТАР!

ЕКИПА во Палермо, Италија

Владимир Булатовиќ

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИГРА ВО ФИНАЛЕТО ОД БАРАЖОТ ЗА ПЛАСМАН НА СП 2020 ВО КАТАР. Со голот на Александар Трајковски во 92. минута, а на асистенција на Миовски, Македонија го победи европскиот шампион со 0-1 и ќе игра на 29. март против Португалија за место на Мундијалот во Катар!

Првото полувреме почна со десетминутен континуиран притисок на Италијанците. Само една брза транзиција на македонската репрезентација, но неуспешно проигрување меѓу Александар Трајковски и Милан Ристовски во 5. минута.

Сепак, во продолжението неутрализирана офанзивата на Италија која лесно доаѓаше до голот на Димитриевски покрај збунетите последни играчки за врска, но се расчистуваа опасностите на време. Италија доминираше на терен, но без посериозна шанса се до 30. минута кога голманот Димитриевск направи катастрофална грешка во обид да исфрли му подари топка на Берарди, но за среќа италијанскиот напаѓач не успева да погоди од 16 метри a Столе ја корегира својата грешка.

Во 39. минута извонреден брз контранапад на македонската репрезентација, Чурлинов истрча сам пред голот на домашните, но во последен момент запрен од Флоренци. Во 45. минута и Александар Трајковски се обиде со шут од 22 метри но Донарума одбрани.

Второто полувреме со старт како и првото, со тоа што далеку послободна игра на македонските репрезентативци. Во 58. минута Италија имаше извонредна шанса, грешка на Муслиу во одбраната, Берарди сам пред голот на Димитриевски во одлична позиција но шутира над голот на Столе Димитриевски.

Во 59. минута две замени во македонската репрезентација. Аријан Адеми, кој настапи и повреден, не издржа до крај. На негово место Спировски, а во игра и Ашковски на местото на Николов! Во 63. минута Берарди повторно во одлична позиција пред голот на Македонија, но Џани Алиоски со блок спречува водство на домашните.

Во продолжението неутрализирана офанзивата на Италијанците, за да во 72. минута на местото на Милан Ристовски во нападот во игра и Бојан Миовски.

БАРАЖ ЗА СП 2022 – ПОЛУФИНАЛЕ
ИТАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА 0-1 (0-0)
Стадион „Ренцо Барбера“ во Палермо. Гледачи: 35.000. Главен судија: Турпин (Франција). Ж. картони: Велковски (М). Стрелци: Трајковски 90’+2 (М)
ИТАЛИЈА: Донарума, Флоренци, Мансини (89′ Кјелини), Бастони, Емерсон, Верати, Жоржињо, Барела (77′ Тонали), Берарди (89′ Жоао Педро), Имобиле (77′ Пелегрини), Инсиње (64′ Распадори)
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски, Велковски (85′ К. Ристевски), Муслиу, Алиоски, Николов (59′ Ашковски), Адеми (59′ Спировски), Барди, Чурлинов, Трајковски, М. Ристовски

Се вчитува...