Херој на денот: Англија има свој фудбалски Бог – Хари Кејн

Хари Кејн имаше сезона за паметење во дресот на Баерн Минхен, а сега продолжува во ист стил и како предводник на Англија на овој фудбалски мундијал.

Кејн блесна на дербито на првото коло против Хрватска, со два гола трасирајќи го патот до победата со која Англичаните направија џиновски чекор не само кон следната фаза, туку и за осигурување на првото место во групата.

За Кејн ова беше десетти погодок на СП на само 12 одиграни мундијалски натпревари, со што се израмни со легендарниот Гери Линекер како најдобар мундијалски стрелец на Англија на сите времиња.

Тухел и англиските фанови со право се крстат во својот „фудбалски Бог“… затоа што кога Хари Кејн е во ритам, за Англија не постои невозможна мисија.

Се вчитува...