Херој на денот: Калајџиќ е „златната резерва“ на Австрија

Австрија беше на работ на елиминација на уште едно светско првенство (последен пат се пласираше во нокаут фазата на СП 1982) откако во судиското продолжение влезе со негатива од 2-3 против Алжир.

Рангник во 95. минута го уфрли и последниот „џокер“, Саша Калајџиќ влезе во игра, и тоа како џокер… Корпулентниот напаѓач се претвори во херој откако по само 61 секунда на теренот се најде на вистинско место во вистинско време и со удар со глава од пет метри донесе израмнување и огромна радост на Австријците.

За првпат по 44 години Австрија е во нокаут фазата од еден мундијал. Благодарение на „златната резерва“ Саша Калајџиќ.

Се вчитува...