Германија беше на работ на амбисот, имаше негатива од 0-1 против Брегот на слоновата коска и противникот создаваше шанси пред голот на Нојер.
Поранешните светски прваци делуваа во нокдаун, но ситуацијата се промени кога на теренот влезе Денис Ундав. Асот на Штутгарт најпрвин настапи како „полушпиц“ на местото на Мусиала и стрелаше прецизно за 1-1, а по повлекувањето од игра на Хаверц токму Ундав остана најистурен во нападот.
И мајсторски се снајде во судиското продолжение,, стрелајќи прецизно од десетина метри за целосен пресврт и победа од 2-1.
Нагелсман синоќа го славеше Ундав, но од денеска почнува со главоболките – како да му најде место на овој одличен офанзивец во стартниот тим за наредниот натпревар против Еквадор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
