Швајцарците 70 минути имаа посед на топката, но се мачеа да искреираат шанса, камоли да постигнат погодок за водство на дуелот со одлично организираната селекција на БиХ.
А потоа, се се промени со влегувањето во игра на Јохан Манзамби, фудбалерот на Фрајбург кој влезе во 71. минута на местото на Ндоје и целосно го промени текот на мечот.
Младиот офанзивец блесна само три минути по влегувањето во игра и со прекрасен волеј удар го отвори резултатот, а нешто подоцна постигна и гол за 3-0, прв играч во историјата на Швајцарија на мундијалите што постигнал два гола по влегувањето како резерва на еден мундијалски натпревар.
Пред дуелот со Канада што е клучен за првото место во групата, добро е за селекторот Јакин да знае дека има значаен адут на клупата подготвен во секој момент да помогне да се најде патот до противничката мрежа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
