Баерн Минхен побрза да го осигура потписот на Исмаел Саибари од ПСВ Ајндховен на самиот почеток од овој мундијал, а сега сите гледаме зошто баварците не сакаа да губат време и да ризикуваат цената на овој офанзивец дополнително да скокне.
Саибари постигна прекрасе погодок на отворањето со Бразил, на што се надоврза со одлично издание и еврогол и на синоќешниот дуел со Шкотска.
Мајсторски ја избегне офсајд стапицата, а потоа маестрално ја смести топката во горниот агол од противничкиот гол. Мароко има четири бода по две рунди, во последната се среќава со аутсајдерот Хаити, одличен старт на оваа африканска селекција.
И тоа најмногу благодарение на Исмаел Саибари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
