Херој на денот: Овојпат имаме ХЕРОИ – БЕЛГИЈЦИТЕ!

Секоја чест на Микел Мерино кој го постигна погодокот за триумф на Шпанија во дербито на Португалија, но вчерашниот мундијалски ден за првпат на ова Светско првенство ни донесе херои.

Фудбалската репрезентација на Белгија на доминантен начин стигна до победа над домаќинот САД со 1-4 и се пласираше во ново четвртфинале на Мундијалите. И покрај големиот број опструкции и тоа што на Балогун му беше дозволено да настапи, Белгијците покажаа одлична игра и го декласираа противникот.

Затоа наши херои на денот се репрезентативците на Белгија!

Се вчитува...