Херој на денот: Парагвајскиот „џин“ ги спакува Германците

Орландо Хил е херојот на Парагвај во историската победа над Германија со која оваа јужноамериканска селекција се најде во осминфиналето од СП 2026.

Хил бранеше одлично цел натпревар, беше немоќен при погодокот на Хаверц за 1-1, но со неколку интервенции спречи Германците да направат целосен пресврт.

И за крај – блесна кога беше најважно, ги запре ударите од белата точка на двајцата напаѓачи кои важат за „специјалисти“ за пенали, Хаверц и Волтемаде, и го испрати големиот ривал предвреме дома.

Се вчитува...