Херој на денот: Цела Канада го слави Еустакио

Стивен Еустакио е фудбалерот што е нов спортски херој на Канада, по победничкиот погодок што успеа да го постигне во 90. минута од синоќешното 1/16 финале од светското првенство.

Канаѓаните имаа игра и доминација, но никако не успеваа да го најдат патот до мрежата на протиникот, се до таа 90. минута во која Еустакио презеде одговорност, одлично реагираше и со удар од дваесетина метри го матираше јужнофриканскиот голман.

Екс-фудбалерот на Порто одигра одличен меч на средината од теренот, но кулминација дефинитивно беше овој победнички погодок.

Канада за првпат во историјата славеше на натпревар од нокаѕт фазата на едно светско првенство, а ривал на канадскиот состав во осминафиналето ќе биде подобриот од мечот Холандија – Мароко.

Се вчитува...