Секоја чест на Ерлинг Халанд за двата гола за победа, но Норвешка немаше да биде во ситуација да се бори за триумф во финишот ако на голот го немаше фантастичниот Ерјан Ниланд.
Искусниот 35-годишен чувар на мрежата го одигра мечот на кариерата бранејќи се што можеше, почнувајќи од пеналот на Бруно на стартот, неколкуте шанси на Бразил при 0-0, а потоа и со феноменално спречениот автогол со кој Бразил ќе израмнеше на 1-1, непоредно пред вториот погодок на Халанд.
Голманот на Севиља блесна кога беше најважно и дефинитивно рамо до рамо со Халанд е најзаслужен што Норвешка за првпат во историјата ќе игра едно мундијалско четвртфинале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
