Херојот Адуриз: Овие работи го прават фудбалот прекрасен

Неполни две минути на теренот му беа доволни на Ариц Адуриз да блесне на теренот на „Сан Мамеш“, и со неверојатен гол со „ножички“ да ја турне на колена големата Барселона. Искусниот голгетер не ја криеше гордоста за прекрасниот гол, но скромно потенцираше дека тимскиот успех и трите освоени бода се најважни на стартот од новата сезона.

„Ова се работи кои го прават фудбалот прекрасен, го посветувам голот на семејството, на сите оние кои веруваат во мене и ми даваат поддршка. Атмосферата на „Сан Мамеш“ беше неверојатна, среќен сум што им донесов радост на сите наши навивачи. Не е мала работа, Барселона е најдобриот тим во Шпанија, а ние не им дозволивме на каталонците 90 минути да влезат во ритам“ – истакна Адуриз по натпреварот.

 

Се вчитува...