Херојот на Чапекоенсе: Не се предавам, сакам да играм на Параолимписки Игри

Џексон Фолман (24), голманот на Чапекоенсе кој ја преживеа стравичната авионска несреќа во ноември минатата година во која загинаа поголемиот дел од тимот, не се предава. Иако има тешки последици од несреќата, херојот на Чапекоенсе не се откажува од своите спортски надежи.

„Секогаш ќе бидам голман на Чапекоенсе, тоа секогаш ќе биде дел од мене. Сега само сакам да се вратам во живот. Се женам, а се надевам и дека еден ден ќе настапам на Параолимписки Игри. Спортскиот дух во мене секогаш ќе биде присутен, а Чапекоенсе ќе го носам вечно во срце“ – изјави Фолман.

Најголем дел од бразилскиот тим настрадаа во тешка авионска несреќа на пат за Колумбија на финалето од Копа Судамерикана кога нивниот авион се урна на пет минути пред да слета во Меделин. Во несреќата загинаа 71 патник меѓу кои беа и 19 фудбалери на Чепекоенсе. Покрај Фолман, несреќата ја преживеаја уште пет лица.

Докторите со денови се бореа за животот на младиот голман кој имаше тешки повреди од несреќата, на крај мораа да му ја ампутираат десната потколеница. Храбриот Фолман успеа да се врати во живот, носи протеза, а со помош на физиотерапевтите почна повторно да оди.

Се вчитува...