Херојот од „Дебар маало“ го слави својот 85. роденден

Еден од најдобрите македонски фудбалски клубови, Работнички денеска го слави својот 85. роденден. Клубот кој беше формиран на 4. октомври 1937 година од група на ентузијасти упсеа да преживее една светска војна, распаѓање на Југославија и се уште да биде редовен член на елитата.

Работнички е на второто место со четири освоени титули во домашниот шампионат на делба со Шкупи и Шкендија, а посупешен е само Вардар. Ист број на титули има и ви Националниот куп со кој исто така е на второто место, а повторно поуспешен е само Вардар со еден трофеј повеќе.

„85 години истрајност, желба, посветеност. Херојот од Дебар Маало се роди на денешен ден, 4.октомври, во далечната 1937 година. Во витрините стојат трофеи, сведочат за шампионските денови на ФК Работнички, највозрасните се сеќаваат на почетоците, на пролетта 1937 година кога во кафеаните во Дебар Маало се родила идејата за формирање на организиран фудбалски клуб.

Традицијата се негува, историјата обврзува, а сегашните генерации се горди на минатото. Но, ја имаат честа и обврската да продолжат по патот на успехот.

ФК Работнички да остане синонимот на Дебар Маало, гордоста на Скопје, клуб за респект во Македонија и во европски рамки.

Среќен роденден, Хероју од Дебар Маало!“, стои во соопштението од ФК Работнички.

Се вчитува...