Хесе Родригез е соиграч на Ристовски во Спортинг, а сезонава ја освои титулата во Франција

Поранешниот голем талент на шпанскиот фудбал и играч на Реал Мадрид, Хесе Родригез, го носи дресот на Спортинг Лисабон и е соиграч на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски. Но, интересно, тој ја освои титулата во Франција.

Хесе Родригез е под договор со Пари Сен Жермен и како позајмен играч дојде во Спортинг Лисабон, а на стартот на сезоната, во четвртото коло одигра една минута за ПСЖ на мечот против Мец. Влезе како замена во судиското продолжение и за само една минута настап се стекна со шампионската титула во Франција.

Власите во Франција побараа прекин на сезоната, Фудбалската федерација го прогласи ПСЖ за шампион, а и Хесе Родригез ќе добие шампионски медал. Според правилата во Франција, фудбалерот што ќе одигра и една минута во Лига 1, се стекнува со шампионски наслов. Два дена по минималниот настап во дресот на ПСЖ, Хесе Родригез се пресели во Спортинг Лисабон и одигра 12 меча, а постигна и еден гол.

 

Се вчитува...