Во трансфер вреден 52 милиони евра бразилскиот офанзивец Габриел Хесус се пресели од Манчестер сити во Арсенал ова лето, сега отворајќи ја душата за што се случуваше меѓу „граѓаните“.
„Се тргнува од тоа дека Гвардиола го разбира фудбалот само онака како што тој сака да мисли. Мора да го прифатите се она што само тој го мисли, нема друг начин. Ако не го прифатите, тогаш веднаш ви вели да си најдете нова средина“ – вели Хесус и дополнува:
„Едно време прифатив дека е тоа така, но дојде момент кога реков дека сакам нешто друго за мене, дека не можам повеќе така. Му се заблагодарив и заминав. А, во Арсенал е сосема поразлично. Артета сосема поинаку се однесува со фудбалерите, и јас тоа го разбирам. Сега сум слободен, може повеќе да се движам на терен и играм фудбал со насмевка на лицето, обидувајќи се да дадам се од себе“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА