Арсенал забележа убедлива победа од 4-1 во градското дерби против Тотенхем, натпревар кој го одбележа 12. коло во Премиерлигата.
Во центарот на вниманието е Еберечи Езе, летното засилување кој го постигна првиот хет-трик во дресот на „топчиите“.
Натпреварот го отвори Тосар кој ја затресе мрежата во 36. минута, пред Езе во 41. и 46. минута да донесе предност од 3-0. Ричарлисон успеа да ја намали негативата на 3-1 со гол во 55. минута, но гостите немаа сили за камбек.
На големо задоволсто на навивачите на Арсенал, Езе го постигна третиот гол во 76. минута за конечни 4-1.
STATEMENT MADE. pic.twitter.com/X0LrLDphPR
— Arsenal (@Arsenal) November 23, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

