Фудбалерите на Атлетико Мадрид го осигураа местото во Лигата на шампионите следната сезона откако вечерва славеа на гостувањето кај Хетафе со 0-3 во меч од 36. коло во шпанската Ла лига.
Дефинитивно натпреварот го одбележа францускиот репрезентативец Антоан Гризман кој постигна хет-трик. Французинот резултатот го отвори во 27. минута, додека во 42. зголеми на 0-2. Својот трет погодок за конечни 0-3 го постигна во 51. минута.
Getafe 0 – [2] Atletico Madrid – Antoine Griezmann 45′
byu/etclassico insoccer
Селта Виго стигна до голема победа во битката за опстанок на домашен терен против Атлеик Билбао со 2-1. За гостите недволно беше и тоа што поведоа со 0-1 со погодокот од корнер на Беренгуер во 23. минута. Домаќините израмнија на 1-1 преку Сведберг во 68. минута, додека конечните 2-1 беа дело на Алварез во 71. минута.
RC Celta de Vigo 0 – [1] Athletic Club – 23′ – Álex Berenguer’s olympic goal
byu/er__primo__der__rafa insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА