Хет-трик на Нгоба, Тиквеш ја продолжи агонијата на Шкупи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тиквеш ја продолжија агонијата на актуелниот шампион Шкупи откако денеска на домашен терен славеа со 3-1 во заостанатиот натпревар од 1. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Камерунскиот интернационалец Нгоба беше прво име во таборот на домаќините откако успеа да ги постигне сите три гола за својот тим. Со два погодоци во првото полувреме донесе водство од 2-0 на пауза, додека третиот погодок го постигна на стартот на второто полувреме.

Стрелец на почесниот погодок за гостите беше Реналдо. Дека во Шкупи не функционираат работите покажа и глупоста која ја направи Хамиди кој удри со лакт противнички играч поради што доби директен црвен картон.

 

 

Се вчитува...