Хигинс: Без врска беше она на Роџер и Рафа… Замислете јас Рони да го фатам за рака

Четирикратниот светски шампион во снукер, Џон Хигинс имаше интересен осврт на простувањето на тенискиот ас Роџер Федерер во Лондон.

Шкотот не е воодушевен од тоа што го виде во „О2“ арената и вели дека нешто слично сигурно нема да напраи тој на неговото простување.

„Не го гледав сето тоа, но она што го видов беше малку без врска. Роџер беше одличен играч и голем шампион, но држејќи го за рака Надал додека плаче, јас никогаш не би го направил тоа. Можете ли да замислите како го држам Рони О’Саливан на неговиот последен меч. Сигурно нема да го гледате тоа“, изјави Хигинс. 

Се вчитува...