Химки го „згази“ Фенербахче во директната борба за топ 8

Рускиот Химки ја продолжи агонијата на Фенербахче совладувајќи го со 82-68 во директниот дуел за едно од местата кое води во топ 8 фазата во Евролигата. Првата четвртина Русите ја добија со осум поени разлика, а со слична мера гостите возвратија во вториот период по кој Химки на полувреме замина со минимална предност од 41-40.

Клучниот дел од мечот беше третата четвртина во која домаќините на противникот му дозволија само 13 поени, а во четвртата со одлична игра повторно во фазата на одбрана успеаја да го приведат мечот до самиот крај.

Алексеј Швед со 23 поени беше прво име во победничкиот табор, додека Букер и Јеребко натпреварот го завршија со 15 поени. Кај поразените Мухамед Али постигна 13 поени, додека Дерик Вилијамс и Нандо де Коло уфрлија по 11.

Се вчитува...