Хит на интернет – „Симпсонови“ предвидоа кој ќе игра во финалето на СП!

Култната анимирана серија „Симпсонови“ повторно е хит на интернет, овој пат со предвидувањето кој ќе игра во финалето на Светското фудбалско првенство во Русија. Без разлика на фактот што веќе подолго време не се снимаат нови епизоди, овој Хомер Симпсон и неговото семејство ссекогаш се актуелни. Симпсонови точно предвидоа дека Доналд Трамп ќе стане претседател на САД, ја предвидоа Лејди Гага во финалето на Супербол и повредата на Нејмар, а во една епизода ги предвидуваат и финалистите на СП!

Фановите на оваа анимирана серија по социјалните мрежи споделуваат една од епизодите на „Симпсонови“ во која семејството гледа најава за финале на Светско првенство во фудбал.

Во кусата секвенца, се гледа Барт како го прашува Хомер зоѓто не ги однел на Мундијалот, а потоа Хомер изненадно решава да го однесе целото семејство на финалето на кое според сценаристот на легендарната серија, играат Мексико и Португалија.

Дали е случајност или не, ќе се дознае наскоро…

Се вчитува...